На 16.05.2023 околу 23.15 часот полицски службеници од Единицата за интервентна полиција на ул.„Кичевска“, на подрачјето на Ѓорче Петров, ги лишија од слобода И.А.(35) и Б.С.(34), двајцата од Скопје.

Имено, откако полициските службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А., во кое совозач бил Б.С., при извршен преглед во него пронашле 3 парчиња огнено оружје, и тоа пиштоли „Застава М57“ со рамки со муниција.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка-соопштуваат од МВР. 

By Author