На 12.06.2022 во 22.30 часот на автопатот граничен премин „Богородица“ – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово. При преглед во возилото „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија.
Мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.