На 01.06.2022, полициски службеници од Полициската станица Виница ги лишиле од слобода А.А.(28) и 17-годишен малолетник, двајцата од с.Градец, виничко. Во 19.30 часот на излезот од с.Градец, полициски службеници од ОВР Виница запреле патничко возило „опел фронтера“, без регистарски таблички, управувано од малолетникот, а сопатник бил А.А., кое било натоварено со огревно дрво без соодветна документација.

Полициски службеници го одзеле возилото со дрвната маса за понатамошна постапка. Запознаен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Виница и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава-соопштуваат од МВР. 

By Author