Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) утре мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин“, туку ќе примаат само итни случаи.
– Бидејќи никој од надлежните не ни се јави ние се решивме повторно на мирен протест, најави на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛМ.
Ваквата одлука ја донел Управниот одбор на ЗПЛМ, одржана во неделата, кога се договориле да чекаат до денеска напладне, во спротивно повторно да протестираат како пред две недели..
-Ништо не се случи и околу казнената политика кон приватните доктори и нов анекс.Така што за тие кои се во многу тешка состојба, буџетите се се уште исти за нив, како и за лабараториите. Бидејќи ништо не се помести ние се одлучивме повторно на протест, рече д-р Чолакова Дервишова.
Потенцира дека целта е да се придвижат работите и да останат да работат лекарите во малите места во земјава и да не се затвораат ординациите. Таа додаде дека една третина од 1.400 доктори во земјава земаат минимална плата, а имаат и бројни зголемени давачки кои не можат да ги подмират.