Претседателот Пендаровски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ и соопшти дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и дека за тоа денеска го известил и Претседателот на Собранието.

„Преку вака формулираното законско решение се врши упад во работата на судовите и се овозможува „затскриена“ амнестија за сторители на кривични дела поврзани со бесправно градење и злоупотреба на службената положба“, стои во неговата објава.

By Admin