На 08.05.2023 околу 20.45 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, ги лишиле од слобода Ф.Ш.(47) и Б.Ш.(41), двајцата од Тетово. При претрес, извршен со судска наредба во нивниот дом, биле пронајдени и одземени хероин, две странски возачки дозволи и лична карта за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.