На 29.11.2022 во 11.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Т.Ј.(48), Ф.Ј.(20), Д.Б.(41), Џ.Ф.(35), Н.А.(36) и 17-годишник, сите од Тетово. При претрес во домот на Т.Ј., каде живее со нејзината ќерка Ф.Ј. и 17-годишниот син, а во кој биле затекнати и останатите лица, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин.
Подоцна, во полициска станица Ф.Ј. пријавила дека Д.Б. во повеќе наврати ја наведувал на проституција и дека заедно со Џ.Ф. и Н.А. ѝ овозможувале употреба на кокаин.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци-соопштуваат од МВР.