На 27.04.2023 полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Б.В.(20) од с.Велешта, струшко. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.

By Author