На 04.05.2023 во 16.15 часот во близина на стар мост во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ш.(42) и Р.С.(25), двајцата од Велес. При преглед кај Р.С. биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин и дигитална вага, додека при преглед кај А.Ш. била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен и претрес во домот на А.Ш., при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.