На 27.09.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода М. Б.(27) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.