На 26.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок-соопштуваат од МВР.