На 26.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.Т.(21) од с.Горно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.