На 31.03.2022 во периодот од 06.00 до 14.30 часот, по претходно добиени сознанија, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Штип, а во координација со Основното јавно обвинителство Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, извршени се претреси во присуство на Јавен обвинител од Кочани на 4 локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање на предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање, загрозување на животна средина. При претреси во две правни лица и во објект сопственост на Д.Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. Од страна на инспекторите од двата државни инпектората кај правните лица се констатирани неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка „забрана за вршење на дејност“. По целосно документирање на случаите од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни пријави-соопштуваат од МВР. 

By Author