Рецепт за сите обожаватели на компирот.

Потребно:

     600 гр компири

     сирење

     200 мл јогурт

     100 мл млеко

     бибер,

     4 чешниња лук

     3 варени јајца

     1 јајца за прелив

     30 мл. масла

Подготовка:

Сварете го компирот, не премногу долго. Сварете ги и трите јајца. За прелив потребно е во сад да го, скршите јајцето кое ви остана несварено, додадете јогурт и млеко, малку рендано сирење, масло. Измешајте убаво.

Подмачкајте ја тавата со масло, излупете го компирот, а потоа исечете го на кругови и наредете половина од компирот.

Додадете сол и бибер. Наредете исечени јајца во кругови, и изрендајте го сирењето и завршете со уште еден ред кругови од компир.

Прелијте го подготвениот прелив и на крај малку рендано сирење. Печете на 210 степени 50 мин.

By Admin