Вчера само осум минути по 23:30 часот по локално време, кога со посредство на Египет беше договорено примирје меѓу Израел и палестинскиот исламски џихад, ракетите полетаа кон Израел, јавуваат израелските медиуми.
„Џерусалим пост“ наведува дека биле истрелани ракети во правец на израелските населби во близина на границата со Газа, што го прекршило прекинот на огнот само осум минути по неговото стапување во сила.
Сирените за воздушен напад продолжуваат да се огласуваат во израелските градови во близина на границата со Појасот Газа, а според првичните информации, проектил го соборил израелскиот противвоздушен систем „Железна купола“ над градот Сдерот, пишува „Тајмс оф Израел“.
Засега нема извештаи за штети или повредени во нападот.
Ракетирањето било неколку минути пред 23 часот и 30 минути.