Милитантите во Газа денеска истрелаа ракета кон јужен Израел
Израелската армија вечерва соопшти дека нејзините тенкови извршиле напади врз два набљудувачки пунктови кои припаѓаат на палестинскиот Хамас, како одговор на најновиот ракетен истрел на југот на Израел.
Синоќа е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестинскиот исламски џихад, по петдневни борби, пишува „Тајмс оф Израел“.
Милитантите во Газа денеска истрелаа ракета кон јужен Израел, соопшти претходно израелската армија, еден ден откако беше договорен петдневен прекин на огнот со посредство на Египет.
Израелската војска додаде дека ракета истрелана од Газа паднала на отворен простор.