Министерството за внатрешни работи има нула толеранција кон заканите за безбедноста на било кој граѓанин и континуирано презема мерки за санкционирање на ваквите појави. Ја известуваме јавноста дека се преземаат неопходните мерки и активности за расчистување на пријавениот напад во текот на вчерашниот ден врз вработена во младинскиот центар „Сакам да знам“-Водно кога, според пријавеното, едно лице упатувало закани и навреди кон вработената.
МВР во координација со Обвинителството презема и мерки и активности за случаите на говор на омраза кон вработени во организацијата Хера. Најостро ги осудуваме ваквите појави и ги охрабруваме граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи во најблиската полициска станица или на мејлот cybercrime@moi.gov.mk, а ние во координација со Обвинителството ќе ги преземеме неопходните мерки и активности за соодветно санкционирање-соопштуваат од МВР.