Лекарите кои го придружувале Зеленски му пружиле прва помош на возачот на тој автомобил и го префрлиле во болница

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, доживеа сообраќајна несреќа во средата во Киев, јавува Си-Ен-Ен, но тој не е тешко повреден.

Според прес-секретарот на Зеленски, „едно возило се судрило со возилото на претседателот на Украина и неговата придружба“.

Во меѓувреме на социјалните мрежи кружи видео од местото на несреќата. На видеото се гледа дека на местото на настанот веднаш пристигнале неколку полициски возила, брза помош и противпожарно возило.

Лекарите кои го придружувале Зеленски му пружиле прва помош на возачот на тој автомобил и го префрлиле во болница, се вели во соопштението.

– Претседателот е прегледан од лекар и не се констатирани сериозни повреди – се додава.

Во тек е истрага, по што треба да се знаат повеќе детали за несреќата.

Украинскиот претседател се уште не објави ништо во врска со оваа прилика.

By Author