ПРВАТА група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Валас.

Обуката е дел од британската програма која има за цел да обучи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, пишува Гардијан.

– Неодамна во Велика Британија пристигна првата ротација на украински војници. Овие украински војници ќе посетуваат курсеви засновани на основната воена обука на ОК. Ова вклучува обука за оган, прва помош на бојното поле, обука на терен, тактика на патрола и запознавање со законите за вооружени конфликти – се вели во соопштението на британското министерство.

За време на посетата на Киев минатиот месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди да започне голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, објави Ројтерс.

Захарова ги коментираше оставките на министрите на Велика Британија

Велика Британија ги концентрираше сите свои државни ресурси во соочувањето со Русија и поради оваа причина Лондон не е во состојба да се справи со внатрешните прашања, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Коментирајќи ги оставките во британската влада, таа на својот Телеграм канал рече дека размерите на внатрешните проблеми со кои се соочува Велика Британија се изненадувачки, пренесува ТАСС.

By Author