Власта и опозоцијата не може да се договорат а народот страда од тие препирки и инаетење, но протестите,реакциите и огромното незадоволство на граѓаните ги натера властите да превземат драстични мерки во обид да се одржи утрешната седница.Со оглед на фактот дека три пратеници од владејачкото мнозиство се во изолација власта беше приморана да постигне договор со опозицијата но до денес тоа не се случи.

“Но доколку на утрешната седница не се обезбеди кворум постои сеуште можноста да се донесат колегите од изолација во скафандери” велат пратениците од владејачкото мнозиство

На седница покрај другите работите треба да бидат изгласани и петиот пакет на мерки за помош на фирмите со кои ќе можат да се исплатат платите на вработените.

Собранискиот спикер Џафери кажа дека нема да попушта повеќе, зашто таму се за да седат на сите седници и да гласаат секој по свое лично убедување, а не само да доаѓаат да се потпишат за патни трошоци и да ги снема.

By Author