И официјално на лудилото му нема крај пратеничката Костадиновска Стојчевска облече скафандер и ќе оди да гласа.
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска објави слика на Фејсбук облечена во скафандер и ја проследи со порака:
Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот. Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата. Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот, напиша пратеничката.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека ќе присуствуваат само на седницата во која ќе се гласа петтиот пакет на мерки,додека власта преговара со Алијанса на Албанците за да успее да обезбеди кворум.Имено поради изолација на три пратеници власта не е во можност да обезбеди кворум без пратеници на опозицијата останува да видиме што ќе се случи денес.