Ретко кој на прв поглед би забележал дека разликата помеѓу создавањето на овие две фотографии е неверојатни 17 години!
Она во што успеа Џенифер Анистон е сон на многу жени, но ваквиот младешки изглед чини многу.
Па така доколку сакате ја испробате нејзината техника ќе ви требаат многу пари.
Исхрана – околу 19.000 евра годишно
Пред „Пријатели“ и пред да стане славна, познатата актерка била покрупна. Таа дури во една прилика признала дека агентот и рекол оти нема да ја добие улогата затоа што е „буцкаста“.
Кон крајот на 90-тите, Џенифер започнала со диетата Аткинс и станала редовен клиент на компанијата „Diet Designs“, која обезбедува балансирани и здрави оброци. За тој луксуз троши 360 евра неделно.
Лице – околу 7.000 евра
Тој вечно свеж изглед на лицето не чини малку и не се добива лесно. Таа го испробала скоро секој луксузен третман на лице и тоа може да се забележи на неа.
Од 2000 година, негата на нејзиното лице е многу сериозна и скапа. Првично, таа користела креми богати со алфа хидрокси киселини, а сега користи ласерски третмани за лице кои го затегнуваат лицето на нехируршки начин.
Нозе- 44.000 евра годишно
Имено глумицата е вистински фитнес фанатик. Таа вежба шест пати неделно во својата огромна куќа во Беверли Хилс. Од кои три тренинзи и се со тренерот Менди Ингбер, а тоа чини над 800 евра неделно.
Коса – околу 8.000 евра
Нејзината препознатлива фризура од 1994 година, кошта околу 500 евра. Што се однесува до бојата, таа плаќа околу 400 евра по слика.
Шминка – повеќе од 700 евра месечно
Нејзината дневна шминка е многу скромна – маскарата „Шанел“ и коректор кои чинат по 30 евра), затемнетата крема „Лаура Мерсиер“ од 40 евра, а во моментите кога и е потребна појака шминка таа користи пудра „Армани“, што чини 45 евра, сјај за усни „Хаушка“, 10 евра и пудра во прав „Шанел“ 36 евра, што значи дека и требаат скоро 200 евра за да излезе од дома.
Веѓи – над 800 евра годишно
Секогаш беспрекорната, Анистон вложува многу пари во грижата за своите веѓи. За нив со години се грижи познатата холивудска козметичарка Анастасија Соаре, чии клиенти се Ким Кардашијан и Викторија Бекам, а еден третман чини околу 70 евра.
Тен- околу 2.200 евра годишно
Џенифер оди на прскање еднаш неделно, а една посета чини околу 40 долари.
Врат- 420 евра
Ниту една жена над четириесет години не го сака својот врат, а Jенифер не е исклучок. Таа го користи „Концентратот за подигнување на вратот на Еуоко“ што чини околу 420 евра.
Нос – околу 23.000 евра
Глумицата потврдила дека двапати отишла кај пластичен хирург да го поправи носот. Првиот пат пред да започне серијата „Пријатели“ и вториот во 2008 година, по разводот со Бред Пит и изневерувањето со Анџелина.
Гради – 6.000 евра
Дали таа има корекција на градите или не? Имало многу шпекулации, но Џенифер никогаш не го потврдила тоа.
Во секој случај. Холивудскиот пластичен хирург Зара Харутинуан минатото лето изјавила дека Џенифер била подложена на мастопексија, постапка со која се креваат и зајакнуваат градите, но не се зголемуваат.
Таквата операција чини околу 6.000 евра.
Целокупната сума е 1,5 милиони евра.
Што мислите дали инвестицијата се исплатила?