Уставниот совет на Франција во петокот одлучи да ја одобри одлуката за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Ова беше главниот камен на сопнување меѓу властите и синдикатите.

По три месеци протести, се очекуваше одлука на Уставниот совет за уставноста на законот. Тоа што власта доби согласност создаде основа за огромен гнев на улиците.

Многу тензично е вечерва во главниот град на Франција, по одлуката на Уставниот совет да поддржи зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, отфрлајќи го барањето на противниците за распишување референдум.

Се стравува дека во текот на вечерта би можел да се зголеми бројот на демонстранти, како и дека меѓу нив би можело да има радикални елементи подготвени за уништување и судир со полицијата.

Во Париз се распоредени полициски сили, а голем број полицајци го обезбедуваат градското собрание каде се собраа илјадници граѓани.

Според француските медиуми, во знак на протест во близина на градското собрание биле запалени велосипеди.

Да потсетиме, во Франција со недели се одржуваат масовни протести бидејќи синдикатите и граѓаните се незадоволни од најавената промена на законот.

Но, откако Уставниот совет, познат и како „Совет на мудреци“, го поддржа предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање, Владата најави дека е време да се продолжи со реформите.

By Author