Најмалку 10 лица се затрупани под лавина во ски-центар во западна Австрија, јави австриската новинска агенција АПА.

Лавината се случила денеска околу 15.00 часот, а едно лице е спасено.

Во потрагата учествуваат околу 100 луѓе, која најверојатно ќе продолжи во текот на ноќта.

Во операцијата за пребарување беа вклучени неколку хеликоптери и спасувачки екипи.

– Правиме се што можеме за да ги спасиме спортските ентузијасти – соопштија од општината, пренесува Ројтерс.

By Author