Папата Бенедикт XVI почина на 96-годишна возраст, потврди Ватикан.
Телото на поранешниот папа, кој почина денеска на 95-годишна возраст, од понеделник ќе биде изложено во базиликата Свети Петар, објави Ројтерс.
Погребот на поранешниот папа Бенедикт XVI ќе се одржи на плоштадот Свети Петар во четврток, на 5 јануари, а со него ќе претседава папата Франциско, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
Бенедикт ја водеше Католичката црква помалку од осум години додека, во 2013 година, стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј XII во 1415 година.
Бенедикт ги поминал последните години во манастирот Матер Еклесие во рамките на ѕидините на Ватикан.
Неговиот наследник, папата Франциско, рече дека често го посетувал таму.
Иако поранешниот папа бил болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста.
Во средата, папата Франциско апелираше до сите „да се молат посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.
За време на папата Бенедикт, Католичката црква се соочи со обвинувања, правни тврдења и официјални извештаи за децениска злоупотреба на деца од страна на свештеници.
Претходно оваа година, поранешниот папа призна дека биле направени грешки во справувањето со случаите на злоупотреба додека бил надбискуп на Минхен помеѓу 1977 и 1982 година.