Денес 13.10.2021година почина еден од најистакнатите македонски алпинисти Зоран Мајсторски.
Го загуби животот на начин на кој тој сакаше да живее, уживајки во својата работа и адреналинот кој му го носи истата.
Од неофицијални извори дознаваме дека денес работејки на силосите во рудникот Бучем се откачило руда кој го потрупала него и Драган Станишков (23) двајцата членови на АК Плола, при што по несреќата веднаш биле извадени лицата и од страна на медицинскиот тим им била укажана прва помош, по што се упатени кон здраствен до Радовиш и клиничка болница Штип, но истите само била констатирана смрт. По што на лице место излегол Јавен Обвинител и у идна екипа, а лицата се предадени на судака медицина за понатамошна постапка.
Зоран Мајсторски својата планинарска кариера ја започнува на свои 12години, додека во алпинизмот се впушта во 1993година. Се искачил на највисоките врвови во Европа Мон Блан, Матерхорн, а не остварена желба му остана Ајгер Швајцарија. Тој е добитник на повеќе награди како од алпинистичката федерација, така и од општина Радовиш. Шесто ноемвриското признание во 2012 го добил самиот тој, додека во 2019годона го доби неговиот клуб “Плоча” на кој беше основач и претседател, инструктор по алпинизам и главен тренер.
Почивај во мир храбар човеку