На 05.11.2021 во 11.00 часот во СВР Скопје, од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во Скопје, во подрумски простории од зграда на ул. Петар Дељан на подрачјето на Кисела Вода, била пронајдена почината Д.Д.(81) од Скопје. Од страна на лекар била констатирана смрт со видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција за понатамошна постапка.

By Author