Вакцините АНТИКОВИД за деца до пет години треба да почнат да се даваат најрано на 21 јуни, изјави високиот здравствен функционер во администрацијата на Бајден, Ашиш Џа.
Д-р Џа, координатор на Белата куќа за борба против КОВИД, рече дека администрацијата на Бајден првично ќе обезбеди 10 милиони за сите американски држави.
Вакцините на компаниите Фајзер и Mодерна ќе се најдат во аптеките и здравствените центри, објави CNBC.
Државите може да почнат да нарачуваат вакцини од утре, додаде Џа, но дозите може да се испорачаат само откако американската Администрација за храна и лекови (ФДА) ќе ги одобри.
ФДА треба да ја официјализира одлуката за давање вакцини на деца од предучилишна возраст откако Советот на независни експерти на агенцијата ќе се состане и ќе ги разгледа достапните податоци за вакцината, на 15 јуни.
Потоа, Центрите за контрола и превенција на болести ќе дадат препорака со која се отстрануваат сите пречки за давање вакцина на децата.