Анкара е кандидат за членство во ЕУ веќе 24 години, но процесот на пристапување е блокиран во последните години поради загриженоста на Брисел за состојбата со човековите права и почитувањето на владеењето на правото во Турција.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата може да се „одвои“ од Европската унија доколку е потребно, коментирајќи го извештајот на Европскиот парламент во кој се наведува дека продолжувањето на пристапот на Анкара во Унијата е невозможно под постоечките околности.
Одговарајќи на прашањата на новинарите во врска со извештајот на ЕП за Турција, усвоен претходно оваа недела, кој ја повика ЕУ да размисли за усвојување „паралелна и реална рамка“ за односите со Анкара, Ердоган рече дека „ЕУ се обидува да се одвои од Турција “, објави Ројтерс.
– Во овој период кога Европската унија презема потези за одвојување од Турција, ние ќе ја дадеме нашата оценка во врска со овие настани и по овие оценки можеме да се разделиме со ЕУ доколку е потребно – изјави и Ердоган на новинарите пред неговото патување во САД. .