Porsche Panamera во Европа има почетна цена од 98.000 евра, додека во Кина овој модел би можел да се нарача за само 16.800 евра. Сепак, не се доаѓа така лесно до Порше.
Иако официјалната цена на Panamera беше 16.800 евра, никој не го доби престижното Porsche по цена на градски автомобил. Тоа е случајна грешка на салонот на Porsche во Кина кој ја рекламираше новата Panamera по значително пониска цена.
Наместо почетната цена од 998.000 CNY или околу 135.600 евра, објавија цена од само 124.000 CNY или 16.800 евра. Затоа, не е чудно што постои огромен интерес за овој модел. Салонот доби бројни резервации за моделот и авансни плаќања од 911 CNY (124 евра). Порше призна за Блумберг дека застапникот направил „сериозна грешка во цитирањето на цената“.
Кога ја забележале грешката, застапништвото решило да им се извини на стотиците потенцијални купувачи кои пројавиле интерес. Сепак, еден клиент ќе излезе среќен од ова недоразбирање. Порше изјави дека првиот човек кој направил онлајн резервација бил контактиран и дека „се преговарало за прифатлив исход“, што значи дека клиентот добил значителен попуст за една Panamera од залиха.
Што се однесува до останатите, тие добиле рефундирање во рок од 48 часа, пренесува Index.hr.