Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, ја загуби жалбената постапка во врска со одлуката на судот со која во 2021 година кога беше осуден на три години затвор за корупција и злоупотреба на службената положба.
Судот ја потврди казната од три години затвор, пренесе Ројтерс.
Во пресудата беше наведено дека две години се суспендирани и дека Саркози наместо да оди во затвор една година, ќе носи електронска нараквица.
Во 2021 година, понискиот суд го прогласи Саркози за виновен за обид за поткуп на судија по напуштањето на функцијата и за тргување со влијание во замена за доверливи информации за истрагата за финансирање на кампањата во 2007 година.
Саркози (68), кој беше претседател на Франција од 2007 до 2012 година, негира дека е виновен.