Носењето маски повеќе нема да биде задолжително на аеродромите и летовите во Европа, објавија денеска Европската агенција за воздухопловна безбедност (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Како што наведоа, новите препораки ќе стапат на сила на 16 мај, пренесува Ројтерс.

– Од следната недела, маските за лице повеќе нема да мора да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти ширум Европа во однос на јавниот превоз, рече извршниот директор на EASA, Патрик Ки.

By Author