Неможам да разберам и да сватам зошто после толку години не можеше да се почека уште една или две за попис.

Во време на корона кога без сертификат не смееме да влеземе во многу обијекти се врши попис се оди од врата на врата. Живеам во зграда па така попишувачот седеше на скалилата додека ѓи попишуваше станарите, искрено тие и не мораа да бидат тука затоа што попишувачот веќе се знаеше за нив. Еден станар излегува и ги дава податоците за цела фамилија. И така скалила, дворови, домови, вакцинирани и невакцинирани попишувачи. Битно е дека пописот ќе биде спроведен, а дали и тој самиот допринесува во ширењето на заразата, корона вирусот…

Младата популација од државава со години наназад се иселува, и тоа не е само една народност, си одат македонци, албанци, турци… Си одат поради економската ситуација, здраствениот и образовниот систем. Пописот ќе биде завршен како што се договорија големите политички партии, а дали ќе ја даде реалната слика на бројот на населението и националностите тоа ???

By Author