Вчера дошло до голема меѓунационална тепачка во полициската станица во Гази Баба. Полицајци дојдени од прослава на празникот фаќале колеги за газ и ѓи терале да играат чочек. Нервозата кулминирала и дошло до физичка пресметка па се фатиле и за оружјето.
Да се расчисти ситуацијата дошле други полициски службениции и внатрешна контрола, а била викната и брза помош.
Од неофицијални извори дознаваме дека во тепачката биле вмешани заменик командирот и помошник командир.
Од страна на внатрешна контрола се води постапка за расчистување на случајот.