Актерската двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли, кои се во брак од 2012 година, решија да им помогнат на украинските бегалци и ги повикаа обожавателите да им помогнат.

Имено, тие преку социјалните мрежи апелираа до следбениците да донираат пари, со ветување дека ќе ја удвојат секоја донирана сума.

„Ве молиме донирајте со нас на украинските семејства во САД за УНХЦР“, напиша Рајан со фотографија на Инстаграм, додавајќи:

„Ќе ги удвоиме вашите суми на 1 милион долари“, напиша тој, додавајќи линк за донации што води до страницата за помош на САД за агенцијата за помош на бегалците на ОН.

На страницата е можно да се донираат суми од 60, 120, 240 и 1.000 долари, како и други, произволни суми.

„120 долари можат да заштитат осум семејства од временските услови“, се вели на страницата.

By Author