Во пожар во четирикатница во Њу Делхи загинаа 27 лица, соопшти индиската служба за вонредни ситуации. Повеќе од 40 луѓе се здобиле со изгореници и биле пренесени во болница.

Пожарот избувна во шопинг зона во западен Њу Делхи попладнево по локално време.

„Пожарот сега е изгаснат. Вкупниот број на загинати е 27. Операциите за пребарување се во тек“, изјави за AFP претставник на пожарникарите.

Од зградата се спасени околу 60 до 70 луѓе, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата.

By Author