Пожарот во меѓувреме е изгаснат.
Шест лица загинаа денеска во пожар во хотел во центарот на Москва.
Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека пожарот е изгаснат.
Пожарот избувнал во зградата во која се наоѓа хотелот, на петти од 16 ката. Спасувачите првично пријавиле двајца загинати и девет повредени, а подоцна бројот на загинати се искачи на шест, пренесува РИА Новости.
„Евакуирани се 200 лица… Во пожарот се повредени девет лица. „Шест лица загинаа: четворица возрасни и две деца“, се вели во соопштението на Министерството.
Пожарот зафатил 300 метри квадратни.