Пожарот во фабрика за вештачко ѓубриво во американската сојузна држава Северна Каролина принуди илјадници луѓе да се евакуираат поради страв од можна голема експлозија.

Околу 6.500 луѓе се евакуирани од градот Винстон-Салем од своите домови, затвореници од блискиот затвор и студенти од кампусот, откако избувна пожар во фабрика за вештачко ѓубриво, јавува Ројтерс.

Причината за пожарот не е позната, но властите предупредија на зголемена закана, бидејќи фабриката содржи меѓу 300 и 600 тони амониум нитрат.

Досега се евакуирани речиси 2.500 домови, како и 220 затвореници во затворот Форсајт и студентите од кампусот на Универзитетот Вејк Форест.

Универзитетот ја откажа денешната настава и отвори уште три кампуси за да ги заштити студентите.

Затворениците биле префрлени во поправниот дом во Тејлорсвил, додека градот отворил установа на саемот во Винстон-Салем, каде што се собрале евакуираните граѓани.

By Author