Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(66) од с.Колибари, кичевско, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во текот на 2019 година набавил фалсификуван сертификат за познавање на англиски јазик со намера да се вработи како директор на државeн студентски дом. Сертификатот го заверил на нотар во Кичево, по што го приложил при аплицирање за вработување како директор во студентскиот дом-соопштуваат од МВР.