Денеска (01.12.2022) околу 14.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на осум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот-соопштуваат од МВР.

By Author