Еден од најпопуларните фудбалери на денешницата уште еднаш ја разбранува јавноста со фотографија која уште еднаш го стави во прв план неговиот љубовен живот.
За фудбалските достигнувања на Златан Ибрахимовиќ се пишуваше многу, но малку повеќе за неговиот љубовен живот. Еден од најпопуларните фудбалери на денешницата, повторно ја разбранува јавноста со фотографија која уште еднаш го стави во преден план неговиот љубовен живот.
Имено, Златан бил во Дубаи за да ја прими наградата Глоуб Сокер за неговите достигнувања во кариерата, а во таа прилика се фотографирал на плажа со атрактивна девојка. Станува збор за Русинка која е негов фан, па оваа прилика ја искористила да ја овековечи средбата со фудбалската легенда, а со фотографијата која започнала лавина напишала коментар:
– Со мојат сакан на одмор. Повеќе не можам да ја кријам нашата романса – Набрзо стана јасно дека се работи за шега, но не е познато колку и се допаднала на долгогодишната девојка на фудбалерот, Хелена.