Платите на вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе се зголемуваат линеарно, заклучно со платата за месец март.

Владата со одлука на 140 седница даде зелено светло за предлогот на МВР за линеарно зголемување на постојните плати во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ, почнувајќи со платата за месец март 2023, која ќе се исплати во април, таа ја прифати и усвои информацијата добиена на предлог на ресорното министерство.

Со Зголемувањето се предвидува примањата на вработените да пораснат за 3.086 денари по вработен, но во бруто износ. Министерот Оливер Спасовски истакна дека заедно со Македонскиот полициски синдикат успеале во заложбата да обезбедат зголемување на платите со цел усогласување на примањата на вработените во МВР со растот на минималната плата.

Од МПС истакуваат дека продолжуваат со концептот „Задоволна полиција – безбедни граѓани”, кој придонесе за одлични резултати во гарантирање на безбедноста и борбата против сите видови криминал.

By Author