Онлајн петицијата насловена „НЕ за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотел „Холидеј Ин“ е веќе потпишана од над 4.500 граѓани за само еден ден.
Имено по објавувањето на текстот од “Само прашај” дека на 82.000 метри ќе се градат 6 висококатници по 20 спрата спротивно на основните урбанистички правила.Граѓаните се активираа во најкраток период и собраа над 4.500 потписи на петицијата против изградбата на овие висококатници за само еден ден.

Планираниот градежен проект е дел од детален урбанистички план којшто е донесен незаконски и спротивно на Генералниот урбанистички план на Скопје и со реализацијата ќе дојде до нарушување на квалитет на живеење во градот.

By Author