Бранителот на титулата Реал Мадрид ќе игра во осминафиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул, беше решено денеска со ждрепката во Лион.

Во реприза на минатогодишното финале, Ливерпул во првиот натпревар на „Енфилд“ ќе го пречека Реал.

Ждрепката во Лигата на шампионите беше одлична за неколку екипи, но ќе им овозможи на гледачите да уживаат во неколку неверојатни натпревари.

Можеби најатрактивниот дуел ќе биде помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен.

Лајпциг ќе му гостува на Манчестер Сити, Бриж ја пречекува Бенфика, а Милан на домашен терен ќе игра против Тотенхем. Во првиот меч во Франкфурт Ајнтрахт ќе игра против Наполи, а Челзи во Дортмунд ќе ја пречека Борусија. Интер ќе му гостува на Порто, а Пари Сен Жермен на „Паркот на принцовите“ ќе го пречека Баерн Минхен. Првите осминафинални натпревари се закажани за 14, 15, 21 и 22 февруари следната година, а реваншите се закажани за 7, 8, 14 и 15 март.

ОСМИНА ФИНАЛЕНИ ПАРОВИ
Лајпциг – Манчестер Сити
Бриж – Бенфика
Ливерпул – Реал Мадрид
Милан – Тотенхем
Ајнтрахт – Наполи
Борусија – Челзи
Интер – Порто
ПСЖ – Баерн Минхен

By Author