За ситуацијата во Украина зборуваше и кинескиот амбасадор во Вашингтон, Чин Ганг.
– САД, со зголемување на притисокот врз Русија, почнуваат да и се закануваат и на Кина, но „заканите и притисоците нема да успеат“, а во случај на санкции, Пекинг е подготвен да одговори решително – изјави кинескиот амбасадор во Вашингтон Чин Ганг како гостин на телевизија.
– Засегнатите страни се надеваат дека Кина може да одигра поважна улога во унапредувањето на мировните преговори (околу Украина), но САД продолжуваат да и се закануваат на Кина – рече дипломатот, цитиран од ТАСС.
Според дипломатот, Кина одржува „нормална економска, трговска и енергетска соработка и блиски меѓучовечки контакти со Русија“.
Амбасадорот додаде дека развојот на ситуацијата во Украина „нема да влијае на нормалната соработка меѓу Кина и Русија“.