Тајван подигна борбени авиони за да предупреди 39 кинески авиони кои влегоа во неговата југоисточна зона за воздушна одбрана, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Влегувањето во југоисточната зона на воздушна одбрана на Тајван, наводно, вклучувало 21 ловец и четири бомбардери H-6, како и авиони за рано предупредување, објави Ројтерс.

Според мапата обезбедена од Министерството, многу од авионите прелетале преку воден пат познат како Канал Баши до област во близина на југоисточниот брег на островот.

Исто така, три брода на кинеската морнарица се откриени во близина на Тајван.

Се додава дека Тајван испратил борбени авиони за да ги предупреди кинеските авиони, додека ракетните системи го набљудувале нивниот лет.

By Author