Противпожарен авион се урна на една од падините на вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија, пишува локалниот весник la Sicilia. Според весникот Corriere del Mezzogiorno, во авионот имало двајца членови на екипажот кои загинале.
Авионот на службата за цивилна одбрана беше ангажиран во гаснење шумски пожари во близина на градот Катанија.
До несреќата дошло откако тој се вратил до морето по вода за гаснење. Очевидци на несреќата известија дека по падот дошло до експлозија која довела до пожар. Карабинерите и спасувачите пристигнале на местото на настанот.