Пратениците во словачкиот парламент и изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до предвремени избори во таа земја.
За смена на малцинската влада, која се состоеше од три партии, гласаа 78 од 150 пратеници, две повеќе од потребното.
Либералната партија Слобода и солидарност, која иницираше гласање за доверба на владата, ја напушти владата во септември, обвинувајќи ги своите поранешни партнери за неспособност и недоволно агресивна борба против корупцијата.
Назначувањето на нов премиер е обврска на претседателката на Словачка Зузана Чапутова, а една од опциите е да се распишат вонредни избори, но за тоа е потребна поддршка од две третини од пратениците.