Хрватската влада денеска соопшти дека во областа Јарун во Загреб се урна воен беспилотен авион, кој од унгарскиот воздушен простор навлезе во хрватскиот воздушен простор, а премиерот Пленковиќ објави дека се работи за авион од руско производство.

„Вклучени се сите надлежни служби веднаш по забележувањето на падот на беспилотно летало од воен тип кој според досега собраните податоци навлегол во хрватскиот воздушен простор од исток кон запад, односно од унгарскиот воздушен простор, со брзина од 700 километри на час со надморска височина од 1.300 метри“, се наведува во соопштението, пренесува Хина.

„Се знае дека таа дошла во Хрватска од правец на Унгарија, а во Унгарија од правец на Романија. Знаеме дека прелетала неколку минути над Хрватска и паднала во Загреб. Добро е што никој не е повреден и паднал на дел кој не е ниту куќа, ниту зграда, службите истражуваат“, рече хрватскиот премиер.

„Мораме да истражиме одредени процедурални работи, како дошло до тоа, дека леталото со големина на авион не бил соборен на пат од Украина кон Загреб“, рече тој.

Тој нагласи и дека некои телевизии воопшто не известувале за настанот.

На Би-Би-Си и Ал Џезира како да врнеше“, рече Милановиќ.

Тој додаде дека Хрватска контактирала со украинската страна во врска со информациите за тоа како авионот стигнал до Загреб, пренесува Indeh.hr.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по повод падот на дронот синоќа во Загреб оцени дека се работи за сериозен инцидент.

By Author