Верувале или не, контролата на ејакулацијата е исклучително важна за жените, па лошите резултати на нивниот партнер во тој сегмент често ги фрустрираат.

Се верува дека околу 40 отсто од мажите доживуваат предвремена ејакулација во текот на нивниот живот. Тоа е кулминација која се јавува после 60 секунди од почетокот на односот, што лошо влијае на сексуалниот живот и самодовербата на мажот. Но, постои решение.

Американскиот лекар Иан Кернер го имал овој проблем и затоа станал сексуален терапевт. Ова се начините на кои може да се одложи ејакулацијата, а д-р Кернер лично ги испробал.

Лекарот советува секојдневна мастурбација, но треба да престанете пред ејакулација. Машкиот оргазам се состои од фаза во која семената течност влегува во уринарниот канал и фаза во која се исфрла (ејакулација). Важно е да се практикува контрола на исфрлање.

Пенисот наместо играчка

Во сексот стимулирајте го партнерот без пенетрација. И двајцата треба да легнете на ваша страна свртени еден кон друг. Наместо веднаш да имате сексуален однос, ставете го вашиот пенис меѓу нејзините нозе и полека движете го горе-долу и лево-десно за да го стимулирате нејзиниот клиторис и да и дозволите да ужива. На овој начин, притисокот е на делот од пенисот кој не е претерано чувствителен и потребно е повеќе време за да се доживее оргазам.

Спреј за одложување на ејакулација

Користете еден од производите за одложување на ејакулацијата, како спреј може да се купи без рецепт. Едно истражување покажа дека повеќето мажи кои го користеле овој спреј ејакулирале по повеќе од две минути секс. Докторот советува прво да го пробате спрејот за време на мастурбацијата за да знаете како делува кај вас.

By Author